1. Кромидот ситно го сецкаме и го пржиме на загреано маслиново масло. Пилешкиот стек го сечиме на коцки и го додаваме да се пржи заедно со кромидот 10 тина минути
2. Тиквицата ја сечиме на мали коцки, морковите ги чистиме и сечиме на кругови. Компирите бидејќи се млади убаво ги миеме и ги сечкаме на коцки. Целиот зеленчук го ставаме во тава, ги додаваме сувиот зачин, магдоносот, солта, карито и сусамот, убаво промешуваме.
3. Во зеленчукот го додаваме месото и кромидот, заедно со маслото во кое се пржеше. Ја додаваме водата. Печиме во загреана рерна на 200 степени додека не бидат готови компирите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани