Едно од најуспешните мои зготвени свински јадењеа беше токму ова. Искрено го правев од око и искуството ми покажало дека колку повеќе експериментираш во кујната, толку повеќе се развива осетот за да биде успешен експериментот. Месото беше вкусно, сочно, ароматично, прекрасно!
А и ја сефтосав новата Делимано четриаголна тава, која сигурно придонесе поготовката да оди како подмачкана.

Подготовка

1. Прво исечкајте го месото на парчиња, можи покрупни, можи поситни по желба. Ставете го месото во подлабок сад и додадете убаво масло, бело вино, мешан сув зачин, црн бибер и сув магдонос. Промешајте убаво и покријте го со најлонска фолија и оставете го неколку часа во маринада. Пред пржење, месото нека биде извадено на собна температура барем половина час.

2. Секое парче месо намакајте го во брашно и ставете да се пржат во загреано масло на тивка температура со покриен капак. Откако малку ќе се запржи од едната страна, превртете ги парчињата од другата страна и додадете го измеѓу исечканиот кромид и лук и оставете да се динстаат заедно околу 1 час. Превртете го месото по потреба.

3. Потоа додадете ја останатата маринада и сомелените домати заедно со ловоровиот лист, распоредете ја течноста убаво и тавата ставете ја во рерна да се запечи околу 20 минути.

4. Јас како гарнир подготвив ориз, а вие по желба можете компири или варен зеленчук.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови