- Во блендер се мелат урмите и боровинките. Ги вадиме и ставаме во сад во кој ќе се измеша целата смеса, а потоа се ставаат бадемите и сончогледот. Се мелат, се вадат и додават кај првата смеса.
- Во целата претходно добиена смеса се додаваат какаото и кокосовите струготини, веќе стопениот кокосов путер и се брка се додека добиеме компактна смеса или пак со рака помогнете си и измесете убаво. Ставете меѓу два листа хартија за печење или стреч фолијата, со сукало исукајте правоаголна кора, ставете во фрижидер малку да одстои колку да се зацврсти - извадете и исечете коцки во големина која вие ќе си ја изберете.
Се чуваат во сад кој добро се затвара.
Напомена
Можете да ставите било кое суво овошје кое одговара на спојот со кокосот, сум ставала и суво грозје, некогаш брусница.
Пробајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани