1. Тиквичката се мие, се сечка на тенки парчиња, сите кругчиња се посолуваат и се оставаат во чинија 10-тина минути, па се пржат.
2. Замрзнатите сурими стапчиња се оставаат да се одмрзнат и потоа се пржат во жешко масло неколку минути од сите страни до поруменување.
3. Печените пиперки се лупат. Секоја пиперка се брцка во матено јајце, па во сусам и се пржи кратко од двете страни, без да прегори сусамот. Остатокот од јајцето може да се испржи како кајгана.
Сето се сервира во чинија и се декорира по желба со магдонос и луто.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани