Обожавам јадења готвени на скара, а едно од омилените ми се и ракчиња на скара.

Сурими ракчињата се спакувани во 250 гр. кесички и таа количина е доволна за двајца. Доколку ви се потребни повеќе, искомбинирајте количина како што ви одговара.

*Ако немате бело вино, а имате ракија, можете да ставите 1 капаче ракија, за да омекнат ракчињата.

Маринадата за ракчињата е бело вино, сок од 1 лимон, лук, сол, копар и маслиново масло. Сето тоа се промешува и се меша заедно со ракчињата. Се остава да одстои 2 часа, пред подготовка на скара.

Потоа се печат на скара кратко време, одприлика 4-5 мин.

Се послужуваат со свежа салата. Можете врз нив да исцедите сок од лимон, зависно од вкусот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови