1. Во 1 л вода ладна се истура пакетчето со крем супата од печурки и со лажица маталка се меша за да нема грутчиња. Се става на огин да се вари. Откако ќе почне да врие се додаваа сувиот вргањ исечкан на помали парченца и се остава да се повари крем супата. Потоа се додава во крем супата уште 1л врела вода и веднаш штом зоврие се додава готовата говедска супа и уште 2 лажици фиде.
Се остава да се вари уште 5-10 минути и се трга од огин - брзата супа е готова.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани