Просото како една од поздравите безглутенски житарки почнав да ја користам редовно, па еве еден поедноставен рецепт со него.

Подготовка
1. Го ставаме карфиолот исечкан на ситни цветчиња, а морковот на тенки кругчиња. Целерот исто го сечкаме на ситни коцки.
2. Сите состојки ги ставаме во тенџере и ги вариме до омекнување со околу 2 л вода.
3. Кога ќе се сварат им го додаваме измиеното просо и зачините. Ставаме да се свари просото околу 5-8 минути и го тргаме тенџерето на страна.

Јас варев во експрес лонецот на Делимано. Ги ставаме состојките залеани со 1-5 до 2 л вода во експрес лонец. Кога ќе почне да врие односно кога ќе излезе сигнализаторот од неговото место, ја исклучувам ринглата и го оставам лонецот на рингла за да се доварат состојките.

Забелешка
Морковот го сечкам на кругови со алатката за лупење компири.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани