Ставете го брашното во вангла. Посебно разматете го квасецот со вода и шеќер и додадете го во брашното. Оставете да се активира квасецот.
Кога е активиран квасецот замесете тесто во кое сте ги додале двете јајца, лажиче сол и 250 мл топла вода. Кога е добро измесено оставете го тестото да стаса. На страна испржете го празот и на крај додадете урда.
Откако е стасано поделете го на пет топчиња. Секое топче расукајте го премачкајте со свинска маст и наполнете го со фил, завиткајте како полжав.
Постапката е иста со сите кори.
Наредете ги во плех како полжав и оставете дополнително да стаса уште половина час. Одозгора премачкајте ја со маст и разматена жолчка. Јас го посипав и со малку сусам
Испечете ја на 180 С додека не поцрвени
Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови