На почетокот на рецептот да кажам дека чашата со која мерам е 200 мл.
Едноставна изработка,а вкусно дело.
Во длабок сад ставете ги јајцата и шеќерот и добро изматете со вилушка.
Додадете ги полека останатите состојки една по една.
Матете додека да добиете хомогена смеса. Нека нема грутчиња од брашното.
Така подготвената смеса посипете ја во калап каде претходно сте послале хартија за печење.
Рерната нека ви е загреана добро. Кога ќе го ставите колачот, намалете ја на 150 и оставете околу 30 минути да се пече. Во зависност од тоа колку ви пече рерната, може да оставите и подолго, затоа што овој колач бара да се пече на потивко и подолго.
Откако е печено, извадете и оставете да излади. Сечете во саканите форми, наросете шеќер во прав помешан со ванила и мелени ореви.
Едноставноста и краткото време, прави овој колач да биде присутен постојано во нашиот дом. Некогаш како додаток со кафето, некогаш и како појадок со чај.
На здравје да ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови