- Се изработуваат белките со шеќерот до цврст снег (да се стопи шеќерот). Се додава сокот од лимон - се измешува убаво со миксерот, се додаваат урмите и оревите, со лажица се измешува.
- По ваш избор или на хартија за печење земајте со лажица од добиената смеса и ставајте на хартијата - или директно во подметачите за колачиња (корпиците) - оставете ги на собна температура да се истите сушат.
Значи, кога ќе ви остане белка - ова е идеја како да ја искористите.
Овие ситни визитарски колачиња (слатки) по оригиналниот рецепт се ставаат на хартија и се сушат, но во денешницава почнавме да ги полниме подметачите. (корпиците). Колку на број ќе излезат зависи од големината која сакате да ја имаат, поголеми, помали....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани