Толку убава арома даваа чоколадото, оревите и портокалот во комбинација додека колачите се печеа, а можам само да им го замислам вкусот. Дегустаторите сите ги втепаа без коментари, па ценам дека испаднале одлични и на вкус.
1. Мекиот маргарин, јајцето и шеќерите се матат со миксер.
2. Потоа се додаваат оревите, трошките, брашното и кората од портокал.
3. Малку се промешува со лажица, колку да се спои целата смеса, а потоа се замесува убаво, мазно тесто.
4. Се остава на ладно некои 15 минути, колку да се стегне за да може полесно да се сучи.
5. Потоа се дели на 2 дела, се сучат кори и со калап по желба се вадат колачите.
6. Се печат наредени во плех врз хартија за печење, се печат во загреана рерна 15 минути на 180 степени,
7. Кога ќе се испечат, ќе забележите дека одоздола се поруменети, одозгора ќе останат белузлави.
8. Внимавајте на ова, зашто можат да ви изгорат.
9. Откако ќе се испечат, топли извалкајте ги во шеќер во прав,а потоа по желба можете да ги залепите со стопено чоколадо или со мармалад.
10. Јас сите ги извалкав во шеќер во прав, а потоа дел од нив едно со друго ги залепив со околу 50 гр. стопено чоколадо.
11. Уживајте, на здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови