Превкусни страчатела тортици, без печење кои се готови за миг. Кориве од Винчини вистина се екстра меки, а лиметата му дава освежителна нота на овие првкусни тортици.
Кората за торта од Винчини ја сечеме на два еднакви дела.
Крем
Слатката павлака ја матиме додека не стане цврста.
Додаваме кисела павлака, медот и сокот и кората од лимета и се убаво мешаме со лажица.
На крај ги додаваме чоколадните капки и повторно мешаме.
Едната половина од кората ја филуваме со целиот фил и убаво израмнуваме. Ја преклопуваме со другата половина и нежно притискаме за убаво да се спојат.
Филуваните кори-тортици ги завиткуваме во најлонска фолија и ги ставаме во фрижидер околу половина час за да се стегне филот.
Потоа вадиме и сечеме тортици со димензии од 10 на 3 сантиметри.
Послужуваме и уживаме!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови