Овие ситни слатки си ги нареков страчатела, најмногу по парчињата чоколадо.
На почеток морам да напоменам дека мерките се приближни бидејќи кога ги правев не измерив точно, а она што е битно е да се добие смеса од која може да се направи бомбица која може да ја задржи формата. Значи доколку смесата е мека, додадете овесни снегулки или бисквити. Исто така, и не ја ставајте целата наведена количина наеднаш, да не ви дојде па тестото премногу суво.

Маргаринот се бие со шеќерот, па се додаваат овесните снегулки, кои сме ги изблендирале претходно и мелените бисквити. Ја мешаме смесата да се соедини и постепено додаваме овесни или бисквити додека не добиеме смеса од која може да се оформи бомбица како што пишав погоре. Го замешуваме и чоколадото исецкано на парчиња или може да уптребите чоколадни капки. Ја истураме смесата во калап обложен со стреч фолија, ја обликуваме и оставаме малку да се стегне. Ја прелеваме со растопено чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови