Подготовка на кремот
1. Во 100 мл ладно млеко се раствора прашокот за пудинг.
2. Останатите 400 мл млеко се загреваат на огин заедно со шеќерот и во него се додава растворениот пудинг и се вари крем.
3. Кремот се остава да се излади.
4. Слатката павлака се мати (но не се прематува да биде прецврста !) и се додава во изладениот крем. Се соединуваат смесите и се додава крупно ренданото чоколадо.
5. Кремот се става во чаши и најозгора се декорира со матена слатка павлака со ванила.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани