- Исецкајте го лебот на коцки
- Од кашкавалот еден дел исецкајте на коцки, помал дел изрендајте на ситната страна од рендето.
- Сувомеснатато исто така исецкајте, но оставете малку за посипување одозгора.
- Во сад со вилушка изматете ги јајцата, додадете ги двата вида на млеко, измешајте, маслото и зачинките, солта., пецивото и повторно измешајте.
- Во друг сад ставете го веќе исечениот леб и во него додадете од сувомеснатото, сирењето и сецканиот кашкавал. Измешајте, истурете ја јајчената смеса, разбркајте и оставете го да одстои малку за да се добро спојат сувите и мокрите состојки.
- Во модла постелена со хартија за печење истурете ја смесата, додадете одозгора од одделениот дел од сувмеснатата, покријте со ренданиот кашкавал и ставете да се пече околу 20 мин,(зависно самата рерна и од висината на модлата), се додека добро не се зацрви.
- По печењето оставете го малку да олади, извадете од модлата по што може да се служи.
НАПОМЕНА
- Ова е основниот рецепт. Сакам да појаснам дека ги приготвувам течните состојки како што е напишано, исто така и лебот, но сувомеснато користам тоа што имам односно да се исчисти фрижидерот, ако нема доволно сирење, тогаш кашкавал или обратно... ако ми е помалку кашкавал - не е страшно, со додавање на маслинки е исто така фантастично. Модлата може да биде на откопчување, обично тавче. Некогаш сум го приготвувала печејки во модлата за мафини, а овој пат во малите модлички на откопчување.
- Доколку не сакате слободно изоставете го пецивото, не мора...
- Денес ставив чадена сланина исецкана на коцки, малку ја пржев, оставив да олади... дел ставив во самата целокупна смеса, а дел за одозгора.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани