Подготовка
- Измијте и со салфета подсушете го месото, посипете со сол и зачините. Можете да додадете и сув зеленчук.
- Во подлабока тава загрејте го маслиновото масло и испржете го месото. Должината на пржењето зависи од дебелината на самото месо, но не и да го препржите. Извадете го месото и покријте го.
- Во истата тава и мрснотија додадете 2 лажици путер оставајки го да се стопи, ставете ги исечените печурки да се пржат додека лесно поруменеат, додадете го исецканиот лук и само кратко пропржете колку лукот да замириса. Додадете го пилешкиот бујон, нека сето тоа заедно проврие. Со бркалката добро промешајте загребувајки по дното доколку се залепило нешто при пржењето на месот.
Вака нека врие околу 2 минутки, додадете ја павлаката, сецканиот спанаќ, посипете го пармезанот,  измешајте, вратете го месото и се заедно нека се вари која минутка да добиете релативно густ сос (околу 1-2 мин.)
Пробајте и доовкусете според ваш вкус, додадете и сецкан маганос доколку го сакате.
- Позлужете со пире, ориз, тестенини или со тоа што вие ќе сакате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани