Прво го подготвуваме филот.
На загреано масло го пржиме сецканиот праз да зарумени.
Додаваме сол и бибер.
Тргаме од оган и додаваме јајце и дробено бело сирење.
Сега го подготвуваме тестото.
Во топлата вода го ставаме шеќерот, лажиче брашно и квасецот.
Промешуваме и остаавме да се активира.
Потоа во вангличката додаваме сол, масло, млеко, половина изматено јајце ( а ако користите мали јајца може да се стави и цело јајце) и промешуваме со вилушка.
Постепено додаваме од брашното и замесуваме мазно, нелепливо тесто.
Одма тестото го делиме на 6 топчиња, кои ги расукуваме во мали корички.
Во сад на оган ги соединуваме путерот и маслото.
Со четка малите корички ги премачкуваме од двете страни со маснотијата и ги ставаме на работната маса.
Нека одстојат така 10-15 минути.
Потоа ја земаме првата коричка.
Со рацете , односно со дланките ја растегнуваме во правоаголна форма на работната маса.
Нанесуваме фил.
Завиткуваме ролат.
Постапката е иста со сите корички.
Така наредени ролатите во нелеплива тава ги премачкуваме со остатокот на јајце и наросуваме интегрален сусам.
Одма ги печиме, без да втасуваат околу 30 минути на 200 степени, да заруменат.
Испечени ги вадиме на кујнска решетка, па сервираме со чаша јогурт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани