Не е рецепт, ами повеќе потсетување на времето кога славевме ние, постарите генерации родендени и хит беа ваквите спремени сендвичи или за оние кои не го зачекале тоа време би се рекло нешто како канапеи и во овој случај игра на декорација со премачкани и украсени лепчиња, но неодоливо вкусни залачиња. Па, кој знае, можеби со ова потсетување некој ќе реши да прослави ретро роденден, како што ние се снајдовме немајќи време да спремиме кифлички )))

Багетот изечете го на парчиња со дебелина од околу 1см.
Половина или по избор намачкајте го со ајвар или мајонез/маргарин.
На парчињата со ајвар повеќе одговара да се стави сирење и црна маслинка, а на бело премачканите, чајна и кашкавал со зелена маслинка со пиперче.
Се украсува со листови магдонос.
Уживајте во едноставното задоволство!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани