Ми се виде интересен начинот на подготовка на овој колач кога го видов на интернетот. На многу портали го најдов, со мали измени во подготовката. Не се излагав, ем многу брзо, лесно и едноставно се прави, ем е преубав.
Јаболката исчистете ги и изрендајте ги. Измешајте ги со шеќерот и циметот.
Сувите состојки (брашното, гризот, шеќерот, пецивото и ванилата) измешајте ги.
Тавата во која ќе печете обилно премачкајте ја со маргарин, околу 30-40 гр. од тие 180 вкупно.
Во тавата ставете 2 чаши од сувата смеса. Убаво затресете ја тавата да се распореди подеднакво.
Над тоа ставете половина од јаболката.
Над нив 1,5 чаша од сувите состојки.
Другата половина од јаболката.
Одозгора преостанатиот дел од брашното.
Одозгора распоредете го маргаринот исечен на ливчиња.
Печете во загреана рерна на 200 степени 45 минути.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови