Исклучително вкусна пита е мојот денешен предлог.
Уживав со секое залаче.

Во вангличка ги ставаме шеќерот, јајцата, омекнатиот путер, млекото и промешуваме со вилушка.
Потоа ги додаваме пецивото и брашното и месиме со рака.
Треба да добиеме мазно, нелепливо тесто, кое ќе го завиткаме во проѕирна фолија и ќе го оставиме во фрижидер на 15 минути, односно додека да го подготвиме филот.
Во касерола ги ставме шеќерот, чоколадото, мармаладот, млекото и путерот.
Касеролата ја ставаме на тивок оган и оставаме кратко, колку состојките да се соединат.
Тргаме од оган и додаваме рум и мелени ореви.
Оставаме малку да се излади филот а за тоа време ги сучиме корите.
Значи од тестото правиме 4 топчиња.
Секое топче го расукуваме во правоаголна кора, одприлика со димензии 20х30.
Ги печиме на опачината на плех по 8-10 минути, односно само краевите треба благо да заруменат.
Од испечените кори, додека се топли може да ги оформиме две во убави правоаголни парчиња ако има потреба.
Другите две од кога ќе се изладат ги мелеме во нутрибулет.
Тие две кори ги додаваме кај филот со ореви.
Сега на даска за колачи ја стаавме првата кора и врз неа рамномерно го нанесуваме филот со рум и ореви.
Израмнуваме.
Врз филот ја поставуваме втората кора.
Врз кората ја нанаесуваме подготвената чоколадна глазура.
Посипуваме мелен орев.
Ја оставаме питата убаво да се стегни и излади, 2-3 часа, сечеме рамни прачиња, односно штангли.
Сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани