Рецепт за араванија, стар сигурно 50 години.
Вака ја правеше баба ми, мајка ми.....традиционален старински рецепт е ова.

Во вангличка ги ставаме 10 белки.
Почнуваме да матиме со миксер и постепено додаваме 4 лажици шеќер.
Со постојано матење со мала брзина на миксерот, додаваме една по една жолчка.
Со исклучен миксер се додаваат брашното и гризот и убаво со шпатула се соединуваат ссотојките.
Тава бр 40 ја намастуваме и малку ја побрашнуваме.
Смесата ја истураме во тавата.
Печеме во загреана релна на 190 с околу 25 минути.
Проверуваме со чепкалака дали е готово, за секој случај.
На тивок оган го ставме шербетот да се вари.
Нека врие околу 5 минути, со додавање на сок од лимон и рендана кора од лимон.
Ладната испечена араванија ја попаруваме со топлиот шербет.
Мора да одстои 5 часа, па да се послужи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани