Срцето најпрво го обарив во експрес лонецот на Делимано со набројаниот зеленчук. Потоа го исечкав срцето на поситни парчиња.
Во тава на малку масло за пржење ги ставив да се запржат и омекнат 4 главици кромид ситно исечкани на месечинки. При крајот ги додадов и тенко исечканите зелени пиперки. Откако омекнаа и тие, го додедов исечканото месо и продолжив уште малку со пржење. Ги додадов зачините и на крајот ова го полеав со 100 мл од течноста во која се вареше срцето. Оставив малку да се издинста околу 15 мин и го сервирав.
Пријатен апетит !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани