Алфредо сосот е со италијанско потекло, кој е многу попознат во Америка, одколку во Италија.
Приказната вели дека Алфредо, сопственик на ресторан во Рим,во 1914 година прв пат направил сос, од павлака,путер, пармезан .... кој го послужил со тестенина, со цел да и удоволи на својата сопруга, која го изгубила апетитот после породувањето.
Неа толку многу и се допаднала оваа кобинација, што предложила да биде овој рецепт дел од менито на ресторанот.

Во касерола се налева вода, се додава сол, па се додава тестенината да се вари.
Треба да биде сварена ал денте и при процедувањето оставаме на страна околу 100 мл од течноста каде се вареше тестенината.
Во тава ставаме маслиново масло и коцка путер.
Растопуваме на тивок оган, па додаваме ситно сецкан кромид.
Запржуваме, па налеваме павлака за готвење, рендан пармезан, сол, повеќе бибер, малку од течноста која е тргната на страна.
Оставме на многу тивко сосот да крчка некоја минута, односно да добие на густина.
Тука ги додаваме процедените спирали, маринирани шампињони.
Готвиме уште една минута.
Сервираме топли, декорираме со магдонос и интегрален сусам

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани