1. Се варат компирите.
2. Во еден сад се матат јајцата и се додаваат во варените компири, се додава солта, кашкавалот, синото сирење, млекото, пирето од компир и брашното.
3. Целата смеса убаво се меша со лажица.
4. Земате една проѕирна мала кеса за замрзнување ја полните со готовата смеса.
5. Во тенџере над оган турате масло за јадење и оставате да зоврие.
6. Едниот кош од кесата го сечите и притискате со рака врз кесата т.е правите спирали во врелото масло. Пржите се додека помфрит не добие темно кафеава боја.
7. Постапката ја повторувате се додека имате смеса. Конзумирајте со кечап или некој друг сос по желба.

Пријатно јадење! ! !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови