Во топлото млеко го ставаме квасецот, лажиче брашно, лажиче шеќер, промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги ставаме активираниот квасец, солта, остатокот од шеќер, пецивото, маслото.
Промешуваме и го додаваме брашното.
Замесуваме мазно и нелчепливо тесто.
Го покриваме со проѕирна фолија и го оставаме на страна да се дуплира.
Стасаното тесто го делиме на два дела.
Секој дел го расучуваме во правоаголна кора.
Корите ги делиме на триаголници и завиткуваме кифли.
Секоја кифла ја потопуваме во растопен путер.
Кифлите добро исцедени од маснотијата ги редиме на плех.
Оставаме да втасаат околу 30 минути, а потоа ги печиме во загрена рерна околу 25 минути.
Сервираме топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани