Во топлата вода го ставаме квасецот, шеќерот и лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги ставаме солта, активираниот квасец, млакото млеко, маслиновото масло и путерот.
Со вилушка ја соединуваме смесата.
Додаваме брашно, замесуваме тесто понамеко.
Го покриваме со проѕирна фолија и го оставаме тестото да се дуплира.
Потоа нежно го вадиме од вангличката и го префрламе тестото во правоаголнен калап кој е обложен со хартија за печење.
Го оставаме тестото да одмори околу 20 минути, односно повторно да нарасти.
Го премачкуваме со изматено јајце и обилно наросуваме сусам.
Печиме во загреана реллна на 200 степени околи 15-20 минути и уште 15 минути на 180 степени.
Испечената спелтина векна ја вадиме на решетка да се излади, па ја послужуваме со вкусно сирење и сезонски зеленчук.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани