Во подлабок сад се ставаат шницлите, морковот и целерот, се налеваат со вода и се ставаат убаво да се сварат. При крај се додава и зачинот за шницлите убаво да попримат од солта. Се ставаат во цедалка убаво да се одцедат.
Стекот се сече на коцки и се става во загреан зејтин да се пржи. Кон испржениот стек се додаваат соја шницлите исечени на парчиња. Целерот и морковот може да се додадат кон сосот, а и не мора. Кај мене не ги додавам само ги користам во варењето за поубав вкус на сојата.
Се пржи сојата со стекот и се додава брашното. Се запржува кратко и се налева со вода и со павлаката. Сосот се меша додека зоврие, се додава сончогледот, карито и зачин по вкус. Се додава и сенф, се вари 10 минути и готово е.
Се служи со свежа салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани