Месово е топ, го има оној баш вкус на сенф и на лукче... нешто навистина неодоливо..

Најпрво месото го биеме со чекан за месо, добро. Претходно сите зачини ги мешаме за да дојдат подеднакво врз месото, го наросуваме месото со зачинот.
Веднаш ставаме сенф и го втријуваме во месото.

Истото го повторуваме и на останатото месо.
Не го оставаме воопшто да отстои, веднаш ја приготвуваме тавата за пржење на месото, ставаме масло го загреваме и пржиме. Се додека не зарумени, да добие кафеава боја.

Откако бидна месото си подготвив помфритче на вообичаен начин, во загреано масло....

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови