Сочни, кремасти и вкусни тортици, кои воопшто не се тешки за јадење, а и не се многу комплицирани за подготовка.

1. Пенасто се матат јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер.
2. Се додава маслото, млекото, па после постепено брашното во кое е измешано пецивото, и на крај мелените ореви.
3. Смесата се истура во тава 35 х 25 см (обложена со хартија за печење). Ако се користи Делимано ростер тава, хартијата не е потребна.
4. Се пече на 180 степени 20-25 минути. Се лади убаво. Се рамнат краевите и се сече на коцки со страни 6 х 6 см (се добиваат 20 тортици). Со лажица врз тестото рамномерно се полева со ладно млеко.
5. Се мати првиот шлаг, му се става џемот од сливи и со шприц се нанесува врз секоја тортица. Се мати другиот шлаг и од него со плоснатиот продолжеток од шприцот, настрана се прават мали ружички, кои се ставаат на средина на секоја тортица.

Филот кој е мешавина од шлаг и мојот домашен џем од модри сливи 
има прекрасна боја и многу убав вкус. Бидејќи немав готварски клин за правање на ружичките, импровизирав со стапче за ражничи на кој ставив коцка стиропор. Ружите ќе имаат попрецизна форма ако се прават со некој погуст, но мазен крем.
Со овие тортици се облаживме за женскиот празник.
Нека ви е слатко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани