Има многу начини на подготовка на лазањи, меѓутоа ова е мојот начин и решив да ви го презентирам со оглед дека дома многу ги бендисуваат лазањите приготвени на овој начин.

1. Главицата кромид ситно се сецка и се запржува на загреано масло. Се додава рендан морков и ситно сецкано лукче. Убаво се пропржува и се додава меленото месо. Кога е испарена течноста од месото се додава доматниот сос и се зачинува според вкусот. Се остава се заедно да динста околу пет минути.
2. За бешамел сосот прво на тивок оган се топи путерот, се додава брашното и се заедно се пржи околу две минути. Потоа се додава млекото и со постојано мешање се чека да се згусти. Се зачинува.
3. Во плехот прво се турива малку од бешамел сосот, се редат лазањи, повторно бешамел и сос од мелено месо и се наросува со пармезан. Постапката се повторува додека има лазањи. Последно треба да биде сос со мелено месо.
4. Вака подготвени лазањи се полеваат со 250 мл топла вода и се ставаат во заграна рерна на 190 степени да се печат околу 30 минути. Пет минути пред крај се додава рендана гауда и се допекува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови