Посочна и помека проја до сега немам јадено :)
Мислев дека најдобра проја е таа што до сега ја подготвуваме. Добро е што не сум емотивно врзана за старите рецепти, па пробувам и нови.

Јајцата се матат со миксер. Се додаваат другите состојки и се мешаат со лажица.
Се пече на температура од 200 степени 20-30 мин, зависно од рерната.

Доколку сакате да додадете спанаќ, блитва или штавељ, предходно измијте ги, исецкајте ги и пропржете ги на малку масло да омекнат.
Додадете ги со мешање во садот со состојките за проја, промешајте и ставете да се пече.
Можете да посипете подпечен сусам пред да ја ставите за печење.
Дозата е сосема доволна за тава со големина на ростер тавата на делимано.
Доколку сакате пројата да биде цела зелена, запржете го зеленото на малку масло и со целата количина на масло ставете во блендер да се испасира убаво. Додадете во смесата за проја. Пилиштарциве се израдуваа многу кога ја приготвив така :)

Калапчињата се љубовен подарок, што ја прави хранаа уште поубава

Пријатно јадење :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани