Во сезоната најаболки, се разбира дека ќе се подготви некој вкусен јаболков колач. Многу ги сакам овие сочни колачи, од кои ќе замириса цела кујна, па затоа и се одлучив за овој рецепт.

1. Јаболките се лупат и се сецкаат на коцки. Се посипуваат со цимет, ванила, рум и мед и се оставаат да отстојат.
2. Оревите исто така се сецкаат и се додавааткон јаболката.
3. Во сад за матење, го ставам омекнатиот путер, заедно со шеќерот и ги матиме додека да се соединат. Потоа кон смесата се додаваат едно по едно јајцата. Се матат додека да се добие хомогена смеса.
4. На крај се додава мешавина од брашно, пециво и прашак за пудинг и се промешува убаво.
5. Јаболките, заедно со преостанатие состојки во садот, се додаваат во течната смеса и сето тоа убаво се промешува. .
6. Во правоаголен калап за колачи, ја истураме смесата, предходно премачкана со путер.
7. Колачот се пече на 150 степени, околу 40-50 минути.
8. Се сече на коцки со големина по избор и се послужува со наросен шеќер во прав и чоколаден прелив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови