Овој колач е многу вкусен и многу сочен, дури имате впечаток дека е парен колач кога го јадете. Јаболката даваат преубава сочност и ровкост.
Големина на филџанот е 200 мл.

Се матат јајцата со шеќерот убаво и полека се додаваат останатите состојки и се меша убаво. Ренданите јаболка се додаваат на крајот и се меша со лажица.
Колачот се пече во намастено тавче број 30 околу половина час на 180 степени. После печење и откако ќе подолади, можете да го посипите со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови