Освежителен сочен колач е многу лесен за правење. Секако дека е за љубителите на колачите со урда односно свежо сирење, а можеби и кој досега не пробал ваква комбинација, па од љубопитност ќе подготви.
 
- Овошјето кое сте го избрале исецкајте го, ако е свежи праски тогаш излупете и исечете на парчиња во форма и големина која ја сакате, истото важи и за овошјето ако го употребите од компотот.
- Во садот во кој ќе го пробркате тестото ставете ги гризот, шеќерот, ванилата, пецивото - измешајте. Додадете ги сите други состојки за тестото со жица или со миксер само измешајте да се добро спојат состојкит. Тоа трае 15 секунди, ништо повеќе.
- Во модла бр.24 подмачкана и постелена со хартија за печење истурете го добиеното тесто, израмнете. Наредете одозгора овошјето и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 мин. околу 1 час. - Потешко се пече бидејки е влажен.
- Извадете од рерната, додека е топол обилно посипете со шеќер во прав, нека олади и внимателно извадете го на тацна или пак само откопчајте го ѕидот на подлогата од модлата и не мора да преместувате.
Проверете да не ве плаши тоа што од страните изгледа како да е изгорено - не е , но за таа сметка внатрешноста е дури тогаш убаво испечена, а истовремено и сочна.
- Доколку користите свежо овошје не мора да додавате од неговиот сок бидејки овошјето за време на печењето само ќе пушти сок. Кај мене праските беа толку сочни што навистина ќе беше промашен колачот ако додадев уште и од сокот. Значи зависи колку е сочно овошјето. Ако се прави со кајсии тогаш може да се додаде од нивниот сок.
Колачот е освежителен и добро изладен е навистина вистинско освежување во врелите летни денови.
- Колачот дозволува и дополнително посипување со шеќер во прав доколку цените дека не ви е доволно сладок.
Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани