Превкусен миризлив и сочен колач.
1. Прво се подготвуваат модрите сливи така што ги миеме и ги сечеме на четвртинки. Ги посипуваме со шеќерите и циметот и оставаме да стојат најмалку половина час.
2. Јајцата ги делиме во еден сад жолчките во друг белките кои ги матиме во цврст снег.
3. Жолчките ги матиме со шеќерите па го додаваме маслото и на крај сувите состојки и убаво мешаме.
4. Во садот со жолчките внимателно го додаваме снегот од белки и на крај модрите сливи и мешаме.
5. Рерната треба да биде загреана на 200 степени, а кога ќе го ставиме колачот да се пече намалуваме на 180. Печеме во долгнавест плех и тоа околу 30 минути(најдобро да си проверите со чепкалка)
6. Печениот колач оставаме да се олади и обилно го наросуваме со шеќер во прав и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови