- Исчистета ја калинката.
Садот во кој сте ги ставиле зрната, со дрвена бркалка згмечете, ставете на тивок оган нека се варат, а доколку оцените дека нема доволно сок од калинката - сосема малку додадете вода. Варете додека станат зрната бели, истурете ги во цедалка или преса, истискајте ги добро. Вратете ја на оган добиената течност и постојано бркајки. Варете се' додека добиете убава густина на густ сируп, па можам да кажам зависно од квалитетот на калинката - се добива и густина на џем. При самиот крај додадете ги шеќерот, солта и зачинките кои ќе ги изберете според ваш вкус, нека кратко проврие колку да се спојат сите вкусови, тргнете и соберете во тегла.
Чувајте во фрижидер, користете го како прелив врз печени меса, салати... но да не претерувате. Може да се користи и како додаток кон маринадата во која ќе го чувате месото пред самото приготвување.
- Полесен начин да си го приготвите овој сос е дополнително да ставите да варите сок од калинка,  постапката натаму иста околу овкусувањето, а густината можете да ја постигнете кога при самиот крај ќе додадете сосема малку густин (нишесте)
Напомена
Од 1 кгр. сочна калинка, посебно ме радуваше бојата која беше како темно крв црвена боја, добив околу 350 гр. сос.
- При печењето на месото сафтот кој останува го разредувам со малку вода, додадавам според вкус од сосот, ако е реток и овде додадам малку густин и кратко врие. Вака добиениот сос го користам како прелив врз месото.
- Наместо обичен кристал шеќер може да ставите кафен шеќер или мед и ќе добиете сос или прелив како што го гледате на фотографијата.
- Свежите салати имаат исто така поразличен вкус кога ќе се додаде и од овој сос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани