Прво измијте ги доматите, излупете ги и изблендирајте во блендер.
Ако немате свежи домати може и конзервирани.
Излупете и измијте ги и кромидот, лукчето и морковите.
Во длабок сад додадете маслиново масло и изблендираните домати, потоа ќе ги додадете и останатите зеленчуци цели, додадете оцет, шеќер и сол.
Поклопете со капак и оставете на тивко да се вари. Додека се вари сосот додадете ловоров лист и и неколко ливчиња босилек (може и сув).
Откако ќе се свари тргнете на страна да застине ,потоа отстранете ги целерот и ловоровите листови и изблендирајте се заедно.
Сосот е одличен за тестенини и комбинација со месо. Добар Апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови