Откако го пробав коктел ликерот „с**с на плажа“, веднаш се решив да ја искористам комбинацијата на овошја за да направам вкусно сорбе.

Многу едноставно се подготвува, а е превкусно. Може и да не се користи алкохол, но сепак ако сакате да го доловите вистинскиот вкуст, пробајте по рецептот.

1. Праската ја сецкаме на помали коцки, останатите овошја ги додаваме во Нутрибулет и се заедно миксаме.
2. Го уклучуваме апаратот за сладолед и од смесата си додаваме пополека во садот.
3. Околу 15тина мин ми требаше додека состојките се смрзнат.
4. На крај сервирајте во чаши и наросете брусница.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови