Освежителен, брз, летен десерт.
Прво праските ги миеме, лупиме, па ги сецкаме на ситни коцки.
Значи треба да добиеме чисти 800 гр.
Ги ставаме во една касерола, поширока, за да бидат во еден ред.
Ги наросуваме со шеќерот.
Ги ставаме на оган и од како ќе почнат да вријат нека се варат само 3 минути.
Ја тргаме касеролата од оган и оставаме да се излади.
Сега ги додаваме лимоновиот сок и лимончело ликерот.
Може да се користи и ликер од праски.
Цела смеса во 2-3 наврати,зависно од количината ја ставаме во Нутрибулет, соединуваме некоја секунда и го распоредуваме во соодветни садови.
Го ставаме во фрижидер и 2-3 пати промешуваме со лажица за да не фати кристали.
Пожелно е 15 минути пред послужување да го извадиме од замрзнувач и да го послужиме.
Доколку немате Нутрибулет, соединете со стапчест миксер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани