Од сите состојки замесуваме тесто. Чекаме да стаса. Расукуваме кора. Ја премачкуваме со 150грмаргарин. Ја засекуваме на неколку места и правиме катмер.
Од катмерот расукуваме правоаголна кора (60 сантиметри на 20 сантиметри) и рендаме одозгора 100 грама сирење. Од кората мотаме ролат и од него сечиме триаголници.
Ги редиме во плех(бр.28), со врвот свртени нагоре, премачкуваме со жолчка, поросуваме со сусам и ја оставаме погачата да одмори 10 минути.
Погачата се пече во загреана рерна на 180 степени 25 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови