Белиот грав е вистинска супер храна. Освен што нуди извонредни здравствени придобивки и содржи големи количини на магнезиум, гравот претставува и добар извор на растителни влакна и протеини. Гравот има исклучителна енергетска вредност, а ги содржи и скоро сите есенцијални аминокиселини.

Македонската трпеза не може да се замисли без вкусно гравче без разлика дали е приготвен како манџа, тавче гравче или како салата.

Во малопродажните објекти, гравот од Сончева Долина може да го најдете во пакување од 500г и 900г.

 

Името на брендот Сончева Долина е асоцијација за сончевите кочанско – винички полиња, каде благодарение на преку 280 сончеви денови годишно и специфична микро клима, успева квалитетниот наделеку познат Кочански ориз и други земјоделски и раноградинарски производи кои се дел од гамата на брендот.

Главна дејност на Сончева Долина е преработка на зрнести земјоделски производи како и нивно пакување. Линијата започнува со работа во далечната 1996 година. Производите на Сончева Долина се карактеризираат со врвен квалитет и се 100% природни.

Помеѓу широката палета на висококвалитетни зрнести и прашкасти производи, Сончева Долина доминира на пазарот и со пакуван сушен зеленчук и зачини. Својата употреба овие производи подеднакво ја наоѓаат во домаќинствата и прехрамбената индустрија, како и во подготовката на солени и слатки јадења.