Најпрво го подготвуваме филот
1. Ги соединуваме состојките кои најпрво ситно сме ги насечкале во коцки (кашкавал, кисели краставички и шунка).
2. Додаваме зачини по вкус, кисела павлака и урда, а на крај и лебни трошки. Филот го ставаме во фрижидер.
3. Ги вариме јајцата од препелица, ги ладиме и ги лупиме.
4. Листовите кашкавал гауда ги распоредуваме на хартија за печење во тавче со димензии 27х27. Треба да ни се преклопуваат за да се соединат и направат како една цела кора.
5. Тавчето го ставаме во рерна на 100 степени неколку минути колку да ни се растопи и соедини кашкавалот.
6. Го вадиме од рерна, па за некои 2-3 минути внимателно ја отстрануваме хартијата за печење.
7. Го распоредуваме филот врз кората од кашкавал.
8. На почетокот од кората врз филот ги редиме варените јајца.
9. Виткаме ролат, го оставаме во фрижидер да се соединат вкусовите, па сервираме парчиња по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани