Се матат јајцата со солта. Се додава маслото, па јогуртот.
Потоа брашното со гризот, пецивото и куркумата.
На крај се додаваат сирењето, саламата и грашокот.
Убаво се изедначува и се излева во правоаголен калап намрсен со масло и посипан со лебни трошки. Се наросува по површината сусам.
Се печи во загреана рерна и тоа на 180 степени околу 50-55 мин., зависно од рерната.
Малку се остава да одмори во калапот, па се вади.
Нека излади и послужуваме.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани