Сезоната за подготовка на ајвар и останата зимница е во полн ек, скоро во секое македонско домаќинство. Еве предлог од мене за еден вкусен посен рецепт во кој главниот вкус и боја го зазема неговото Македонско височество АЈВАР.

Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната да ни се загрее на 180 степени.
2. Ги соединуваме сувите состојки, брашно, пециво и зачини.
3. Ги додаваме сечканите печурки.
4. Додаваме масло, ајвар и кисела вода и соединуваме со лажица.
5. Смесата ја истураме во калап и печеме од 30-45 минути.

Забелешка
Во подготовката на овој колач и неговата влажност голем удел има ајварот, во смисла дали е повлажен или посув. Затоа калкулирајте со киселата вода, не ставајте ја веднаш целата количина, а ако треба па и додадете. Смесата треба да е густа, да не паѓа лесно од лажица.
Во составот може да ставите и сечкани маслинки.
Оставив простор во количеството на печурки бидејќи тоа ќе биде по ваш вкус, јас ставив околу 50 гр и сосема доволно се гледаа и чувствуваа низ колачот.
Ако немате силиконски калап во тој случај морате да го намрсите и набрашните калапот или тавчето во кое ќе го печете колачот.
За да видиме дали е печен пробуваме со долго стапче или чепкалка, ако чепкалката е сува, во тој случај е печен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани