Во вангличка ги ставме одделените белките и ги матиме со постепено додавање на сол.
Потоа додаваме една по една жолчка.
Со исклучен миксер додаваме малку бибер, ајран, млеко, масло, просеано брашно, пециво, сецканите маслинки, магдонос, морковче и кашкавал.
Со шпатула ја соединуваме смесата и ја истураме во правоаголен калап за леб, кој сме го обложиле со хартија за печење.
Печиме од 30-40 минути на 200 степени или секој си ја познава својата рерна, па печете по ваша проценка.
Испечениот солен кекс го оставаме во калапот 5 минути, а потоа го вадиме на кујнска решетка да се излади.
Го сечеме на парчиња и го послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани