Превкусни и многу ровки соленчиња во вид на мали переци, а секако може и во друга форма по желба. Ова е постар рецепт од мојата тетратка, а препишан одамна од една моја вујна.

1. Во еден сад се става путерот (на собна температура), се додава ренданото сирење, брашното, целото јајце и пецивото.
2. Се замесува сето убаво додека да се добие тесто кое со оклагија може да се развлече во дебелина од 1/2 прст, бидејќи соленчињата во печењето малку ќе нараснат.
3. Со калапче за переци или друга форма по желба се вадат соленчињата, се редат во намрсен плех и одозгора се премачкуваат со жолчка.
Се наросуваат по желба и се печат на 200 степени 20-25 минути.

Забелешка
Јас скоро секогаш користам потврдо солено кравјо или мешано сирење, па така соленчињата се доволно солени, ровки и многу вкусни.
Наместо путер може да се користи и маргарин, а во тој случај треба повеќе измесување додека од топлината на рацете маргаринот да омекне и да се соединат состојките.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани