Ми останаа белки од фил со жолчки, па си го употребив во овој солен колач.

1. Белките со прстофатот сол се матат во снег.
2. Се додава млекото и маслото, се меша со шпатула.
3. Брашното се просејува заедно со пецивото, се додава во белките и се продолжува да се меша со шпатулата.
4. На крај се додаваат коцкичките салама, дробеното сирење, сечканиот свеж магдонос и многу ситно изренданото морковче.
5. Кога сето убаво е изедначено, се изтура во намрсено нелепливо тавче, јас ја користев малата ростер тава или пак ставете хартија за печење.
6. Се печи на 180 степени околу 35 минути.
7. Изладен, колачот се сече на штангли и се украсува со кисела павлака или по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани