Прекрасен појадок.
Пробајте го....сезоната на тиквички е во полн ек.

Прво тиквето го лупиме.
Го рендаме на крупната страна на рендето.
Го посолуваме и го оставаме во цедалка.
Во друг сад ги соединуваме топлото млеко, квасецот, шеќерот и брашното.
Оставаме да одстои 5-10 минути.
Потоа додаваме сол и масло.
Соединуваме убаво.
Во друг сад ги соединуваме одмрзнатите брикети спанаќ, бибер, сирење, гриз, дооообро исцеденото тикве од течноста (со раце најубаво се цеди).
Соединуваме.
Јас тука додадов и малку изматено јајце, не е задолжително, но имав половинка јајце и го искористив.
Земаме прва кора со четка цела кора ја премачкуваме со кашичка.
Преклопуваме на половина.
Пак премачкуваме со кашичка.
Повторно преклопуваме, како на сликата.
На почетокот ставаме полна лажица фил.
Виткаме триаголник.
Ги редиме во плех, кој танко е намачкан со масло.
Сите тригони ги премачкуваме со јајце, наросуваме сусам и чурек.
Ги печиме во загреана рерна на 200 с околу 30 минути.
Ги вадиме на кујнска решетка да се подизладат па ги сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани