Од саламата, кашкавалот, кечапот и ориганото правиме фил со вкус на пица.
Корите ги отвораме и еднаш по должина ги сечеме на половина, од секоја кора да добиеме две. Секое парче го посолуваме, намрсуваме со масло, го диплиме на три по должина. На долниот крај ставаме лажиче фил и ја виткаме тригоната вообичаено. Така со сите парчиња кори. Ги редиме во плех, ги намрсуваме одозгора уште еднаш и ги наросуваме со оригано. Ги печеме на 200 степени 40 минути, поточно додека убаво извријат и се вцрват.

Бидејќи јас ги направив како мезе за именденот од сопругот, пред сервирање ги пресеков уште на половина со што личат како мали фишечиња, едно на залак.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови