Брзо се припремаат, а и брзо се јадат
Прво тиквичката ја лупиме, рендаме, ја посолуваме малку и ја ставаме во цедалка.
Во вангличка ги ставаме јајцата и солта.
Матиме со миксер 2-3 минути.
Го исклучуваме миксерот и постепено ги додаваме сите состојки, маслото, урдата, павлаката,пецивото, брашното, презлата.
Ја додаваме и исцедената тиквичка.( ја стискаме и со рацете да излези течноста)
Убаво со лажица ја соединуваме смесата и ги полниме калапите - четвртасти за мафини, наросуваме сусам и печиме околу 15 минути на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани